Делфин
II е софтверска апликација која е наменета за евиденција при увозот за
облагородување со систем на одложено плаќање според Царинскиот закон којшто
е правосилен од 01.01.2006 година. Водењето на неопходната евиденција е
организирано на лесен и прегледен начин од увозот па сè до извозот.
Предвидени се внесување на S-број (ЕЦД број на увоз) под референтен број,
внесување на проформи, преглед на состојба по производители и збирно,
внесување на налози, нормирање на истите, преглед на налозите што се на
залиха, итн. Исто така Ви се нуди опција за пренесување на материјалите
од еден на друг производител, како и раздолжување на добиените споредни
производи.
Кога сте кај извозот олеснет е
начинот на изработка на фактура, комерцијална фактура на повеќе европски
јазици, како и автоматизирана изработка на уверението за движење (EUR.1)
и уверението за потекло (Certificate of Origin). Со извозот (R-број)
автоматски се раздолжуваат употребената (нормираната) количина од
основниот и помошен материјал за одредените налози. Програмата Делфин II
автоматизирано генерира лист за пресметка, попис, како и извештај за
раздолжување, кои лесно можете да ги испечатите кога и да Ви се потребни.
Исто така и матичните податоци се прегледно организирани и во секое време
можете да додадете и промените податок за било која домашна или странска
фирма, имате поглед на комплетната царинска тарифа како и на курсот на
размена за неколку валути и тоа за период кои самите ќе го одредите. Со
оваа софтверска апликација е предвидено да имате сигурна заштита на
Вашите податоци и во секое време можете да ги вратите во претходната
состојба доколку се случи нешто непредвидено (со Вашиот хардвер на пр.).
Програмата Делфин II, исто така, е наменета за работа во мрежа (LAN) и
истовремено можат да работат повеќе референти.
Компјутерската програма Делфин II (пробна верзија) Ви е на располагање со
пробен период од 15 денови. Повеќе информации можете да добиете на info@delfin2.mk или
на телефоните 032 386 646 и 032 387 646.
Софтверскиот пакет Делфин II е
одобрен од Царинската Управа на Република Македонија.
Надградба
на програмата Делфин II (со тарифа за 2015 година)(верзија 20.10.2015)
за сервер
Надградба на програмата Делфин II (верзија 20.10.2015)
за клиент